| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска на министерски состанок во Милано

jankulovska_1005_g_0

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Милано, Република Италија, ќе присуствува на европскиот министерски состанок за намалување на ризици од катастрофи што се одржува како дел од „Рамката за намалување ризици од катастрофи по 2015 година“, тематски насловен „Градење систем за отпор кај катастрофи на нациите и заедниците“.

Предвидено е, соопшти МВР, во рамки на министерската средба свое обраќање да има и министерката Јанкулоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top