И вторник го започнуваме со претежно сончево време, а попладне повторно ќе има локално зголемување на облачноста, особено во источната половина од земјата. Оваа облачност ќе донесе услови за повремен дожд и грмежи. Ветерот ќе дува со умерена брзина, претежно од југоисток.
Според метеопро.мк, максималната температура ќе достигне вредност околу 32°С во поголем дел од котлините низ земјата. Најтопло, околу 35°С ќе биде долж Повардарие, а во Демир Капија и до 37°С
Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.
Во скопската котлина се очекува претежно сончево време со умерен југоисточен ветер. Мало зголемување на облачноста е можно попладне, а со тоа ќе се создадат услови за сосема локален краткотраен дожд. Максималната вредност на температурата ќе достигне 35°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.