Шест дена пред предвремените парламентарни избори во Словенија најпопуларна е новата левоцентристичка Партија на Миро Церар, пред Словенечката демократска партија (СДС) на Јанез Јанша, кој од крајот на јуни е на издржување на двегодишната затворска казна за земање поткуп. Според анкета на љубљанскиот весник „Дело“, Партијата на Миро Церар има поддршка на 28,7 проценти од анкетираните, а демократите на Јанша уживаат доверба на 15,1 отсто од избирачи. Трета е Демократската партија на пензионерите на Словенија (ДеСУС) на Карл Ерјавец со 4,7 проценти, а четврта е партијата Социјални демократи (СД) на Дејан Жидан со 3,8о отсто.
За партијата на премиерот во оставка Аленка Братушек би гласале 3,6 отсто од анкетираните, а за Нова Словенија – Христијанска народна партија (НСИ) на Људмила Новак – 2,7 проценти. Останатите партии би добиле под два процента од гласовите.
Над 40 проценти од избирачите уште не решиле за кого ќе гласаат или воопшто нема да гласаат. Анкетата е направена минатата недела врз репрезентативен примерок од 650 испитаници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.