| четврток, 6 декември 2018 |

Полачик и Вегер најдобри на Матка

Полскиот репрезентативец Рафал Полачик го освои златниот медал на Европското првенство во кајак на диви води за сениори до 23 години што од 3. до 6. јули се одржа на патеката на Матка, а се радуваа и Италијанците на највредниот медал на Јоакоб Вегер во јуниорска конкуренција.

Македонија беше домаќин и одличен организатор на шампионатот што го собра европскиот крем во младинските категории.

Нашите претставници во двете конкуренции не успеаја да ги минат квалификациите, а екипно го освоија 10-то и единаесеттото место.

Кај сениорите до 23 години сребрениот медал му припадна на Квентин Буржи од Франција, а трет беше сениорскиот првак на Европа Јиржи Прскавец.

Кај јуниорите зад Вегер, како втор и тре на целта пристигнаа Пол Улен од Франција и Словенецот Нико Тестен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top