Младиот пејач Ален Хасановиќ, кого публиката го запозна како дел од првата сезона на шоуто „Сите наши песни“ на МРТ, Ален Хасановиќ освои 4 награди на годинешниот „Канео фест“, кој бикендот се одржа во Охрид.
Дваесет и две годишниот Хасановиќ со песната „Кога сфатив“ ги освои првите места и од жирито и публиката, а зеде награди и за интерпретацијаи аранжман.
Комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот на песната „Кога сфатив“ е самиот Хасановиќ.
Организатор на овој традиционален музички фестивал е „ТВ Морис“ од Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.