Новинската агенција „Асошиејтет прес“ најави дека во блиска иднина ќе користи роботи наместо новинари за да им ги пишуваат текстовите.
Според првичните информации, роботите би требало да пишуваат по илјада текстови на годишно ниво, а агенцијата ќе ги продава. Податоците што ќе ги добиваат нема да бидат со посредство или интервенција на луѓе. Но, ова и не е толку изненадувачки ако се има предвид фактот дека неколку организации веќе користат компјутери за пишување вести. Така, на пример, „Форбс“ користи ботови кои емитуваат вести за корпорацијата и берзата, во весникот „Лос Анџелес тајмс“, исто така, користат алгоритми кои ги развија токму нивните новинари за известувањата поврзани со земјотреси и со криминал.

Рубриките во кои сѐ повеќе се користат автоматски извештаи се финансии и спорт, а интересно е дека читателите веќе не можат да одредат кои вести се напишани од луѓе, а кои од роботи – односно компјутери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


