| четврток, 6 декември 2018 |

Разгалете се себеси со луксузно патување со дизајнерски воз

Во 2017 година Јапонија ќе добие уште една туристичка атракција – луксузен воз што лично ќе го дизајнира големиот Кен Окијама или попознат како – дизајнер на „ферари“!

japanskivlak2

Возот ќе го носи името „Cruise Train“ и ќе биде составен од 10 вагони во боја на шампањ и истите ќе се движат по електрични шини. Еден од главните дизајнери на возот е големиот Кен Окијама според чиј план ќе бидат уредени вагоните, а меѓу нив и два луксузни ресторантски вагони со огромни стакла преку кои гостите ќе можат да уживаат во прекрасниот поглед каде и да се. Во возот ќе има место за само 34 патници кои ќе можат да резервираат еден од луксузните вагони со неверојатни спални соби во облик на двокатен апартман што возот го прави уште полуксузен.

japanskivlak3

Засега, сѐ уште не се знае колку ќе чини ваквиот луксуз, но додека да дознаеме, единствено можеме да им се восхитуваме на прекрасните фотографии од тоа како ќе изгледа овој воз што, според зборовите на дизајнерот, ќе им овозможи на патниците уникатно патување низ времето и низ просторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top