Во Домот на младите во Штип вечерва гостува „Интимен театар“ со претставата „Лола“. Претставата „Лола“ во продукција на „Интимен театар“, која премиерно беше изведена на фестивалот КНОТС (KNOTS) во Сан Педро, Аргентина, во јануари, сега доаѓа и во Штип во рамките на Штипско културно лето.Претставата ќе се игра на летната тераса во Дом на млади Штип. Влезот е бесплатен.
„Лола“ е работена по вистинити приказни кои се обработени од режисерката Софија Ристевска. Актерката Македонка Илиевска ја игра главната улога и ја портретира хероината, жена која се обидува да преживее во време на економска, политичка и духовна криза. „Лола“ е претстава за глад, убиства и за секс. Претставата „Лола“ е работена по вистинити, документарни материјали, кои се обработени од Софија Ристевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


