Финалето на Вимблдон секогаш е предизвик и магнет за познатите ѕвезди од светот на филмот, музиката, спортот и за припадниците на кралските семејства. Особено кога во финалето на неофицијалното светско тениско првенство играат великани од калибарот на Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.
И вчера одличниот маратон во 5 сета го следеа многу познати припадници на џет-сетот, а ги предводеа принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, потоа и војвотката од Кембриџ, Кетрин, а тука беа и холивудските актери, џет-сетери, познати лица.
Семјуел Л. Џексон го следеше финалето во друштво на Дејвид и Викторија Бекам, присутни беа и Хју Џекмен, Бредли Купер, Орландо Блум, Кејт Бекинсејл и уште многу други познати личности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.