
Утрово, во Белград почина Бора Тодоровиќ, бардот на српското глумиште, откако помина неколку дена во болница во критична состојба.
Тодоровиќ (84) пред неколку дена имаше мозочен удар и падна во кома. Според српските медиуми, нему му слошило по операцијата на слепото црево. Операцијата поминала во најдобар ред, но тон неколку дена подоцна се пожалил на болки и наеднаш му се слошило. Лекарите го оперирале и констатирале дека имал мозочен удар. И покрај возраста, тој до пред една година се занимаваше со актерството, а дури неодамна стана дедо.

Бил роден во Белград на 5 ноември 1930 година. Студиите по машинство ги заменил со актерски студии и студирал заедно во класа со Љубо Тадиќ, Слободан Цица Перовиќ и Марко Тодоровиќ. Тој е брат на славната Мира Ступица и татко на актерот и музичар Срѓан Тодоровиќ и актерката Дана Тодоровиќ.
Тодоровиќ беше актеивен и во театарот, но и на филмот и во сериите. Ќе остане запаметен по улогите во претставите „Арсеник и старата тантела“, „Капата долу“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Балкан-експрес“, „Дом за бесење“…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


