| четврток, 6 декември 2018 |

Три „боинзи“ завршија во река

avioni boing misterija

За среќа, инцидентот минал без повредени кога три вагони од теретен воз во Мисури, САД, излетале од шините, а товарот меѓу кои и делови од авиони завршил во реката.

Првиот впечаток од фотографијата е дека станува збор за три авиони кои завршиле во водите на дивата река, но, всушност, станува збор за товар од воз. Во вагоните се превезувале трупови од авиони „боинг 737“, а конечната дестинација била фабриката за „боинг“ во Вашингтон.

– Известени сме за настанот и веднаш испративме на терен стручни екипи за да ја проценат штетата – соопштиле од „Боинг“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top