| четврток, 6 декември 2018 |

Транскрипцијата на името доведе до забуна – киднапираниот инжинер е Македонец

slika

Иако првично беше соопштено дека исчезнатиот инжинер во Либија е Македонец сепак се работи за македонски државјанин. Забуната настанала поради транскрипција на неговото име во странските медиуми.

Сепак, велат од МНР, добиена е потврда од Италијанските власти дека се работи за македонски државјанин и веќе е стапено во контакт со неговото семејство.

Веста ја објави италијанската агенција Анса, според која македонскиот инжинер Емилио Гафури бил киднапиран заедно со колегата од БИХ Петар Матиќ и италијанецот Марко Валиса.

Автомобилот во кој се превезувале тројцата инженери е пронајден напуштен кај градот Зувара, западно од Триполи.

Тројцата биле вработени во фирмата “Пјачентини Констуциони“ од Модена. До сега од фирмата никој не побарал поткуп.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top