
Европското првенство во кајак слалом за јуниори и сениори до 23 години-СКОПЈЕ заврши денеска. По возењата на кајак патеката во Спортско рекреативниот центар Матка официјално им беа доделени наградите на најдобрите.
На завршниот ден на Матка владеше одлична атмосфера, настанот предизвика голем интерес кај посетителите. Меѓу нив можеше да се забележи и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
На Европското првенство учествуваа вкупно 400 натпреварувачи од околу 30 земји, а македонската репрезентација имаше седум натпреварувачи, меѓу кои шест мажи и едно девојче.
Позначајни спортисти-кајкари кои беа дел од ова Европско првенство се Прскавец (Чешка) – актуелен Европски шампион, Брус Симон (Словенија) –Европски јуниорски првак во 2011 година, Џовани де Џенаро (Италија) третопласиран на ЕП и СП во 2013 год., Лука Бозиќ (Словенија) третопласиран на Светскиот куп, второ коло во 2014 год.
Домаќин беше Кајакарската федерација на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







