Коосновачот на популарната компанија за облека, „Норт фејс“, Даг Томпкинс, починал по инцидент со кајак во Чиле. Томпкинс имаше 72 години.
Екологот и обожавател на природата возел кајак на езерото Карера во Чиле со група луѓе, кога тој и петтемина други паднале во водата. Според Министерството за здравство, Томпкинс починал од хипотермија, откако бил примен во локална болница со телесна температура од 19 степени.
Иако тројца од учесниците во инцидентот успеваат да стигнат до брегот, Томпкинс и уште две лица остануваат во водата, додека не се извадени. Томпкинс е транспортиран со хеликоптер до болница.
– Во такви исклучително сериозни случаи на хипотермија луѓето многу ретко преживуваат, вели Карлос Салазар, директор на одделот за итни случаи во болницата.
Томпкинс го основа „Норт фејс“ во 1966 година во Сан Франциско, а две години подоцна ја создава и компанијата „Еспирит“. Тој го напушта светот на бизнисот во 1989 година и се посветува на еколошка активност.
Во почетокот на ’90-тите години тој почнува да купува земјиште во Чиле, иако беше критикуван од локалните заштитувачи на природата, кои стравуваа дека тој има скриени мотиви. Томпкинс поседуваше преку еден милион акри земјиште во Чиле и во Аргентина.
Засега, од „Нот фејс“ официјално не ја коментираат смртта на Томпкинс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Силен земјотрес во Чиле, засега нема информации за жртви
-
Климатските промени направија хаос: Сантијаго заробен во снежна вијулица, камено доба во Чиле (видео)
-
Куп на конфедерации: Браво им одбрани три пенали на Португалците и му обезбеди финале на Чиле
-
Чиле се мачеше со Камерун но стигна до стартната победа на Купот на конфедерациите (видео)