Вардарката Маја Зебиќ вчера го кажа судбоносното да и заплива во брачните води. Својата љубов со Жељко Сокач ја крунисаа на убава свадбена церемонија на која присуствуваа повеќе ракометарки.

Левото крило на ЖРК Вардар СЦБТ од следната сезона ќе го смени презимето и на нејзиниот дрес ќе пишува Сокач, но се надеваме дека ќе ја задржи одличната форма и головите.
Зебиќ дојде во ЖРК Вардар СЦБТ минатата година, а нејзините добри настапи го уверија раководството да го продолжи нејзиниот договор до 2016 година.

Фото: РК Вардар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


