
Вицепремиерот на Македонија Владимир Пешевски е во посета на Струмица, каде што во околината на градот е навистина критично. Поради обилните дождови евакуирани се жителите од најкритичните подрачја, а на терен е и градежната механизација.
Во Радовиш, Струмица и во Свети Николе прекината е наставата. Четири струмички села се под вода. Во Муртино каде водата достигна и до метар и половина мештаните се движат со чамци. На терен и министрите и градоначалниците. Владиното координативно тело ургентно ги санира последиците од невремето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


