| четврток, 6 декември 2018 |

Алфредо Ди Стефано се бори за живот

Една од легендите на шпанскиот и аргентинскиот фудбал, Алфредо Ди Стефано доживеал срцев удар еден ден по неговиот 88 роденден и неговата состојба е многу сериозна, пренесуваат во саботата навечер шпанските медиуми.
Според весникот El Pais, Ди Стефано е во кома и лекарите се борат за неговиот живот. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид ручал во ресторан во близина на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ кога му се слошило. Весникот истакнува дека Ди Стефано досега седум пати бил хоспитализиран поради проблеми со срцето.
Ди Стефано е почесен претседател Реал Мадрид, за кој настапувал 11 сезони во периодот од 1953 до 1964 година. Се родил во Аргентина, и настапувал и за аргентинската и за шпанската репрезентација, па дури има и четири натпревари за селекцијата на Колумбија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top