| четврток, 6 декември 2018 |

Инженери од Македонија, Италија и БиХ најверојатно грабнати во Либија

Тројца инженери, од Македонија, Босна и Херцеговина и од Италија, кои во Либија работат за италијанска градежна компанија, најверојатно се грабнати, изјави во неделата либиски функционер.
Автомобилот со тројцата инженери е пронајден напуштен во градот Зувара, западно од либиската престолнина Триполи, пренесува агенцијата Reuters повикувајќи се на неименуван локален функционер.
-Тие исчезнаа и се сомневаме дека се грабнати, изјавил соговорникот на агенцијата,
Италијанската новинска агенција Ansa објави повикувајќи се на локалните медиуми дека станува збор инженери од компанијата „Piacentini Costruzion“ од Модена, од која потврдиле грабнување на нивните работени, но не дале поединости.
Според либиската телевизија International Channel, како исчезнати засега се водат Емилио Гафури со македонско државјанство, Петар Матиќ од БиХ и Марко Валиса од Италија.
Засега нема други детали за овој случај на грабнување, а нема ниту официјална потврда за инцидентот и известување до земјите од кои потекнуваат евентуално грабнатите.
Reuters забележува и дека во Либија е сѐ почесто грабнувањето на дипломатите и странските работници, но и на Либијци, бидејќи властите не се во состојба да ги контролираат локалните племенски милиции кои се бореа за соборување на деценискиот автократ Моамер ел-Гадафи во пролетта 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top