Проектот “Мој термин” на министерството за здравтво одбележа една година функционирање во јавните здравствени установи и аптеки во Македонија, пишува zdravstvo24.mk.
Проектот “Мој термин” на министерството за здравтво одбележа една година функционирање во јавните здравствени установи и аптеки во Македонија. Според информациите на zdravstvo24 за периодот од 1 јули 2013 до 1 јули 2014 година преку “Мој термин” прегледани се вкупно 1.016.653 раазлични пациенти. Лекарите искреирале 4.219.858 упати за понатамошно лекување на пациентите, а биле издадени 20.248.511 рецепти за најразновидна терапија. Целта на проектот е да се растеретат гужвите пред амбулантите, пациентите да не чекаат со часови туку во точно закажано време да се се јават на преглед или снимање. Неколку дена прeд прегледот пациентите се потсетуваат со СМС пораки. “Мој термин” не важи за итните случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.