Водачот на терористичката група ИДИЛ, Абу Бакр ал-Багдади првпат по подолго време се појави во јавноста.
Во видеото кое е објавено денеска на интернет, а наводно е снимено за време на петочната проповед во џамија во ирачкиот град Мосул, се гледа Абу Бакр ал-Багдади по подолго време, објави „Дојче Веле“.
Од него има само малку фотографии, тој не се јавува често во јавноста, поради што често го нарекуваат „невидливиот шеик“.
Ирачките медиуми деновиве јавија дека тој веројатно бил ранет во воздушен напад. Но, на видеото не се гледаат повреди. Самонаречениот „калиф“ побара од муслиманите да го следат и да му бидат послушни
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крај на ИСИС: Водачот на ИД Абу Бакр ал Багдади е мртов?
-
Поранешна љубовница на шеикот раскажува: Бевме 11 девојки, го чекав својот ред за секс
-
Каменос: Од секаде доаѓаат пари за џамии, на муслманската полумесечина на Балканот, ќе одговориме со христијанска полумесечина
-
Шеикот на Малага се налути: Ѓубрињата од Каталонија нема да ја помирисаат титулата