Трката за титулата во Шпанија меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе биде супер возбудлива до самиот крај, па веќе се размислува и за завршното коло кое може да биде одлучувачко за новиот шампион.
Барса ќе го дочека Еибар, но многу поконтраверзен се очекува да биде дуелот меѓу Малага и Реал, тим кој е предводен од легендата на „кралевите“ Мичел. Уште од сега се шпекулира оти андалузијците можат да му дозволат на противникот да се прошета на „Ла Розаледа“ и на тој начин да ја освои титулата (ако се решава во 38. коло), а дополнително масло на огнот додаде првиот човек на Малага, Абдулах Ал Тани кој дури и жестоко ги навреди каталонците.
– Со помош од Бога ќе го победиме Реал. Ама ѓубрињата од Каталонија нема да ја помирисаат лигашката титула поради нивните лаги за Мичел – напишал шеикот на „Твитер“ како одговор на прашањето од еден негов следбеник за услуга на Барса во битката за пехарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.