| четврток, 6 декември 2018 |

ЕХФ: Иднината на македонскиот ракомет е во сигурни раце со играчи како Филип Талески

Filip-Talevski-sport84-740x320-top

Вторпат за неколку месеци ЕХФ му посветува внимание на младиот талент на Металург, Филип Талески, објави официјалниот сајт на клубот.

Еве што пишува на сајтот на ЕХФ:

Иднината на македонскиот ракомет е во сигурни раце додека малата балканска земја производува играчи од калибарот на Филип Талески од Металург. Кога неговото семејство се пресели во главниот град на државата, Скопје, Талески ги направи првите чекори во овој спорт, за подоцна да се развие во еден играч, кој често го споредуваат со Кирил Лазаров и со Пепи Манасков.
“Почнав со генерација 1996-1997 во ракометната школа на Металург, каде ги научив основните ракометни чекори и каде се роди мојата страст кон овој спорт. Имав многу напорна обука и често се случуваше во салата да останеме само јас и мојот тренер. Играв во сите помлади категории, а оваа сезона, со Металург Јуниор, настапив во националниот плеј-оф, каде се сретнавме со екипите на Вардар и на Металург, и тоа за мене беше големо искуство“, објаснува 18-годишниот Талески.
Благодарение на неговата голема форма во македонскиот шампионат, Лино Червар реши тој да настапи на четврт-финалната реванш-средба против екипата на Кил, во ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на шампионите, каде Талески го направи своето деби во оваа конкуренција и постигна три гола. Талески исто така дебитираше и во сениорскиот национален тим, на квалификациските баражи  за СП 2015, против Грција.
“Мојот прв натпревар во Лигата на шампионите беше против мојот омилен, но и најсилен тим во Европа. Влегов во последните 15-ет минути од средбата и брзо го постигнав мојот прв гол во оваа конкуренција. После тоа почнав да играм многу опуштено и ги искористив дадените шанси. Подобро деби во Лигата на шампионите не можев да посакам. Ова беше големо искуство и јас со нетрпение ја очекувам претстојната натпреварувачка сезона”, изјави левиот бек.
Талески и уште еден голем млад играч, Марко Нелоски, ова лето ги потпишаа своите први професионални договори со македонскиот шампион.
“Добро ми е кога играм со младите категории, но, за мене вистински предизвик е да играм со постарите играчи, бидејќи во овој случај желбата за докажување е многу голема. Се чувствувам одлично што сум го потпишан мојот прв професионален договор и јас сум навистина среќен што ова се случи во клубот каде ја почнав мојата кариера. Имам голема соработка со постарите играчи во тимот и јас се обидувам да научам колку што е можно повеќе од нив”.
Во квалификациската група 7, за пласман на ЕХФ ЕУРО 2014 во Австрија, за играчи до 20 години, чиј домаќин беше Република Македонија, Талески ја презеде одговорноста во најкритичните моменти и тој беше најдобриот македонски ракометар, постигнувајќи 27 гола во трите натпревари.
“Во квалификациите имавме голема поддршка и неверојатна атмосферата, која ни помогна да се квалификува. Имавме пристојни противници, морам да напоменам дека Исланд имаше одличе тим, и јас сум среќен што со нашите одлични перформанси успеавме да го освоиме првото место”.
Гледајќи напред, кон првенството, Талески верува дека тие имаат шанса против силните противници од групата А.

“Нашата репрезентација е составена од многу талентирани играчи и можам да кажам дека ние сме добра генерација. Среќата не беше на наша страна и ние ќе треба да се соочиме со силните селекции на Шпанија, Франција и на Норвешка. Со Франција имаме лошо искуство, бидејки еднаш се сретнавме и бевме поразени со 15 гола разлика, но верувам дека со добри подготовки имаме шанса во Австрија”, заклучи Талески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top