
В среда со почеток во 10 часот во народната канцеларија на Претседателот Ѓорге Иванов ќе се одржи државен натпревар по математика за ученици од основните и средните училишта во Македонија за избор на тим од добри математичари кои ќе ја претставуваат нашата земја на онлајн натпреварот „Светски ден на математиката“.
Натпреварот го организира гимназијата „Алгоритам“ од Скопје, под покровителство на Претседателот на Република Македонија. За државниот натпревар беа селектирани најдобрите 120 ученици од пријавените 2000 кои досега имаат точно одговорено на повеќе од 7 милиони задачи за време на подготовката за натпреварот.
Во 2012 година, Гимназијата Алгоритам освои прво место во Европа во екипна конкуренција. Оваа година тимовите од Македонија за време на подготовките за натпреварот се пласираа меѓу првите пет во светот.
Светски ден на математиката (World Maths Day) е интернационален онлајн натпревар по математика кој се организира секоја година. Во 2010 година е влезен во Гинисовата книга на рекорди како најмасовно онлајн математичко натпреварување. Во 2012 година натпреварот беше реализиран како дел од настанот Светски едукативни игри (World Education Games), под покровителство на УНИЦЕФ, и опфати 5,5 милиони ученици од повеќе од 200 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


