| четврток, 6 декември 2018 |

Нови детали: Удавеното момче е од Македонија

Мртвото момче кое утрово во 7.20 часот беше пронајдено во водите на Охридското езеро во центарот на Охрид, од страна на случаен минувач, е од Македонија, информираат од полицијата.

Се работи за машко лице на околу 25-годишна возраст, со кратка коса и висина од 180 сантиметри. Во моментот на пронаоѓањето бил облечен во сини фармерки во кои имало еден клуч, најк патики, бела кошула со долги ракави а под неа германски спортски дрес.

– Во моментов интензивно се работи на идентификација на удавеното лице. На телото не се забележани траги на насилство-изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Претходо полицијата упати апел до граѓаните доколку имаат било каква корисна информација која ќе помогне за утврдување на идентитетот и расветлување на случајот, истата да ја достават до СВР Охрид или на телефонот 192.

Засега во охридската полиција нема пристигнато пријава за исчезнато лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top