| четврток, 6 декември 2018 |

Млад Кумановец починал од струен удар

Вчера во 14,45 часот во с.Матејче-Куманово, 25- годишниот И.М. од Куманово, вработен во „Електролајт“, при извршување на работи на бетонски столб за пренос на електрична енергија, допрел со главата на електрична жица и како последица од струен удар починал на самото место.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител, екипа од СВР-Куманово и инспектор од Државен трудов инспекторат, во присуство на претставници од ЕВН.

Телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб.

Фото: илустрација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top