СДСМ вечерва на седница на Централниот одбор на партијата ќе гради конечен став, дали да се прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ за учество на изборите или партијата да го потврди претходно изнесениот став за бојкот.
Од одлуката на СДСМ нема да зависи само дали нивните кандидати ќе се борат за градоначалничка фотлај,а туку и сликата која Македонија ја остава пред Европа.
Евентуалниот бојкот на опозицијата би бил најсилниот аргумент на Грција против Македонија на Самитот на Европската Унија во јуни. На ова предупреди и поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, кој изјави:
– На Самитот на ЕУ во јуни бојкотот на опозицијата очекувам да биде најсилниот аргумент на официјална Атина и 2-3 други членки на ЕУ за Македонија да не добие датум за отпочнување на преговорите за членство.
Не случајно европретставнiците реагираа на одлуката на СДСМ за бојкот на изборите и бараа да се најде компромис за решение на меѓупартиските несогласувања во земјава.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе е само еден од оние кои се обиде да помогне во изнаоѓање на решение на политичката ситуација во Македонија.
Дузина високи претставници на Унијата се јавија со коментар по дефинитивната одлука на опозициската СДСМ да ги бојкотира локалните избори a вчера и известувачот во ЕП Ховит поради кризата во земјава побара и доби одлагање на гласањето за македонската резолуција во ЕП.
Странците притискаат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да најдат излез. Откако ВМРО-ДПМНЕ им понуди на СДСМ до 3 март да поднесат кандидатски листи, а СДСМ го одби предлогот, странците дополнително ја притискаат партијата на Бранко Црвенковски да го прифати предлогот на вчадејачката партија. Одлуката најверојатно ќе биде донесена вечерва при што се очекува жестока расправа меѓу оние што се за бојкот и голем дел од членството кое не се согласува со политиката на Црвенковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


