Прославениот велшки фудбалер и поранешен играч на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс, се стекна со титулата доктор на науки на универзитетот во Болтон.
Тој успешно ја одбрани почесната титула доктор поради исклучителниот придонес во спортот.
Пред оваа престижна титула Гигс и претходно има добиено академски почести од универзитетот Салфор како и од британската кралица.
Рајан Гигс минатата сезона ја заврши кариерата по 23 години поминати во Манчестер Јунајтед за кој одигра 963 натпревари, освои 13 титули во Англија, пет ФА купови како две титули во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.