| четврток, 6 декември 2018 |

Давид Коразија – ново крило во Металург

metalurg

Словенечкиот ракометар Давид Коразија (30) е ново засилување за македонскиот првак Металург. Поранешниот репрезентативец на Словенија од денеска е нов член на тимот од Автокоманда и доаѓа како замена за македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој во неделата се повреди и нема да настапува во следните шест месеци.

Коразија игра на позицијата лево крило и доаѓа од словенчка Рибница, а во минатото настапувал и за унгарскиот првак Веспрем.

Металург го искористи правото да ангажира нов играч и тоа на само два дена пред истекот на правото да се засили тимот за следните натпревари во Лигата на шампионите, но и за домашното првеснтво и СЕХА-Лигата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top