| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен споменикот „Фаќач на крст“ во Охрид

На пригоден начин денеска во Охрид беше откриен и осветен споменикот за празникот Богојавление-Водици, подарок на стопанственикот Ванчо Чифлиганец, кум на манифестацијата „Водици“ во 2012 година.

Спомен-обележјето „Фаќач на крст“ го заслужуваат сите генерации охриѓани кои биле и се дел од прославата Богојавление – Водици, по која Охрид е познат во светот, кај сите православни верници и туристи кои ја почувствувале величенственоста на тој верско-туристички спектакл… Се надевам дека и ова споменично обележје, заедно со другите споменици во Охрид, како атракција ќе се најде на фотографиите на туристите и на тој начин ќе се разнесува низ светот – рече Чифлиганец, директор на градежната компанија „Адора Инженеринг“.

Споменикот „Фаќач на крст“ е склуптура излеана во бронза, висока три метри, дело на авторот Ангел Коруновски, академски скулптор од Велес. На неа е претставен чинот на вадењето на Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро на празникот Богојавление. Обележјето, сместено на самиот приод кон Градското пристаниште во Охрид, е целосно донација на Ванчо Чифлиганец, на негова иницијатива и на Здружението „Богојавление“, поддржана од локалната самоуправа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top