| четврток, 6 декември 2018 |

Нема опасност од Антракс и кравјо лудило

mesoАнтракс во унгарско говедско месо, кравјо лудило во Романија – од македонска страна надлежните смируваат – на македонскиот пазар нема заразено говедско месо. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека Македонија воопшто не увезува говедско месо од Унгарија, а увозот  од Романија е во мали количини.

Од агенцијата уверуваат дека увозот на месо во земјава е пропратен со ригорзни контроли кои гарантираат безбедно месо за потрошувачите.

– Секоја пратка подлежи на контроли од инспекторите. При увоз на месо, секоја пратка се контролира од која земја доаѓа и дали е на нашата листа на земји дозволени за увоз. Пратката мора да поседува ветиринарно – здравствен сертификат. Увоз на месо се врши исклучиво од објекти кои се одобрени од надлежните служби на земјата извозник, а мора да поседуваат и одобрение од Европската унија. Од Унгарија немаме увоз, а од Романија во овој период се увезени вкупно 13.561 килограми говедско месо и тоа пред 1 мај 2014. Пратките се пропратени со ветеринарно здравствен сертификат издаден од надлежните служби на Република Романија, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Инаку во источна Унгарија надлежните институции запленија замрзнато говедско месо заразено со антракс, отпорен вирус кој опстојува долг период во почвата во земјите кои важат за жариште на оваа болест.

Според информациите добитокот бил заклан во неовластена кланица. Од друга страна во Романија е потврдено присуство на кравјо лудило. Романските власти соопштија дека се превземни мерки за да не се прошири болеста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top