Роџер Федерер се уште е светска тениска марка и повторно го потврди квалитетот со ново финале на Вимблдон. Дотаму стаса по денешната победа од 3-0 во сетови против канадскиот бомбардер Милош Раониќ. Федерер славеше на трипати со 6-4 и се избори за можност да игра за рекордната 18. гранслем титула и осма на Вимблдон.
Федерер воопшто и не се замори, и за само еден час и 44 минути го преслуша девет години помладиот ривал. Роџер има најмногу гранслем титули во историјата на тенисот, точно 17, а во завршниот меч на ова издание на Вимблдон ќе игра против Новак Ѓоковиќ, тенисер кој со 3-1 го победи Григор Димитров во првото полуфинале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


