Најмалку 33 луѓе се повредени од кои четворица се во животна опасност, во судар на воз и камион на југозапад во Германија.
Несреќата се случила на железничкиот премин во местото Талхаузен, јужно од Штутгарт.
Камионот се заглавил на преминот од засега неутврдени причини, по што во него удрил воз.
Машиновозачот се обидел да го запре возот, но не успеал во тоа, наведуваат германски медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.