| четврток, 6 декември 2018 |

И утре ќе продолжат дождовите

дожд 1

Невремето кое ја зафати Македонија во изминатите два дена ќе продолжи и в среда, но дожд ќе врне со помал интензитет од оној што беше во понеделникот ќе има и тоа на југот од Македонија.  Според Управата  за хидрометеролошки работи денеска попладне и во текот на ноќта времето ќе биде облачно на места со повремен дожд. Во јужните делови ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Поради заладување, на некои повисоки места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините слаб снег. Температурата ќе се движи од 4 до 13 степени.

Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето, а температурите ќе бидат без поголеми промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top