| четврток, 6 декември 2018 |

Шок за 18-годишната Викторија Дувал, тенисерката од САД се бори со карцином

Вистински шок во светот на тенисот предизвика информацијата за здравствените проблеми на американската тинејџерка Викторија Дувал, на која и е дијагностициран карцином.

Талентираната 18-годишна девојка од Мајами има малигнен Лимфом од типот Хоџкин, кој е опасен по животот. Информацијата за проблемите и болеста на Дувал ја растажи тениската заедница.

„Се молам за Викторија. Ми го скрши срцето сознанието за нејзината болест. Се надевам дека ќе успее да се справи со карциномот и дека ќе продолжи да игра тенис“, напиша на својот фејсбук профил Викторија Азаренка.

Дувал играше и на Вимблдон, турнир што е во тек, испадна во втората рунда, а потоа беше објавено дека има сериозни здравствени проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top