Новак Ѓоковиќ покажа шампионски карактер во полуфиналниот меч на Вимблдон против Григор Димитров и со победа од 3-1 се пласира во финалето на гранслем турнирот во Лондон.
Клучен за исходот на првиот полуфинален меч беше четвртиот сет, односно тај-брејкот, во кој Димитров не искористи 3 сет топки за израмнување на 2-2. Бугарскиот тенисер имаше предност од 6-3 во поени, му требаше само еден прецизен удар за да се игра петти, решавачки сет, но не успеа да дојде до поенот. На свој сервис Ѓоковиќ освои два поени и намали на 5-6, потоа Димитров не најде сили да сервира добро, па поискусниот противник израмни на 6-6. Потоа се беше во знакот на српскиот ас кој го заклучи мечот со 9-7 во поени и победа од 6-4, 3-6, 7-6, 7-6.
Во финалето Новак ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Роџер Федерер и Милош Раониќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


