Стручната јавност, граѓаните, еминентни личности од јавниот живот застaнаа зад иницијативата на професорката од Правниот факултет во Скопје Тања Каракамишева – Јовановска.
Иницијативата е предадена утрово на уставните судии. Тие ќе треба да одлучат дали членот 108 од Изборниот законик ги крши Уставот и правата на граѓаните.
Најмалку во пет сегменти, оценува професорката по уставно правао, се кршат основните човекови права со користењето мастило за обележување при остварувањето на загарантираното право на глас.
Зад иницијативата на Каракамишева-Јовановска застана и целата катедра по уставно право од Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.