| четврток, 6 декември 2018 |

Во Пештани: се обидела да го убие сопругот забивајќи му нож во гради

policija-lenti

В.Р. (32) од охридско Пештани заработи кривична пријава откако вчера се обидела да го убие својот шест години помлад сопруг. Според информациите од полицијата, таа со кујнски нож го избодела својот сопруг Ј.Р. во градите. Момчето со тешки повреди било пренесено во охридската болница, каде што по укажаната лекарска помош, бил задржан на лекување.

Инцидентот се случил околу 16 часот, по жестока расправија меѓу сопружниците. По расправијата, дошло до меѓусебна турканица, па В.Р. посегнала по ножот и го прободела сопругот во градниот кош. Во меѓусебната турканица, таа заработила лесни телесни повреди.

Полицијата извршила увид на местото на инцидентот и подигнала два кујнски ножа, како и делови од облеката на двајцата сопружници, кои се предадени на вештачење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top