| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието ги усвои измените на Изборниот законик

Измение на Изборниот законик беа усвоени во Собранието без присуство на пратениците од „Сојузот за иднината“

sobranie-bez-opozicija

Со предлог-законот за измена и дополнување на Изборниот закон  се определува дополнителен рок за поднесување листи  за кандидати за советници и за градоначалници за локалните избори до 3 март (недела) заклучно со 00:00 часот.

Министерот за правда Блерим Беџети образложувајќи го предлогот истакна дека со него Владата настојува да се задоволи уставното начело дека секој има право да избира и да биде избран.

– Централната власт односно локалната власта во Република Македонија својата легитимност ја добива од граѓаните на Република Македонија кои преку непосредни, фер и демократски избори ги избираат своите преставници. Највисок демократски чин во едно општество преставува правото на глас кое истотака е и уставно загарантирано право. Од тие причини, а со цел правото на граѓаните да можат да бираат и да бидат бирани во органите на власта го предлагаме овој Предлог закон, рече Беџети.

Ианку, претходно ДПА најави дека ќе ги поддржи измените и дополнувањата на Изборниот законик со цел да и се овозможи на македонската опозиција да учествува на овие избори, изјави заменик-координаторот на ДПА Беким Фазлиу.

Фазлиу рече дека воедно апелира до Владата, која е најодговорна за спроведување на изборите, да овозможи услови за тие да бидат фер, слободни и демократски.

Исто така, пратеникот Неџати Јакупи од ДУИ денеска ги повика уште еднаш опозициските партии да се вратат во Собранието и да излезат на локалните избори, за како што рече, фокусот во државата повторно да се врати кон евроатланските интеграции.

– Ги покануваме сите политички сили во Собранието да го поддржат овој Предлог закон, со кој што уште еднаш го покануваме СДСМ и сите опозициски партии да учествуваат на претстојните локални избори со што сакаме да го вратиме фокусот на јавноста кон еврпинтегративниот процес и со ова покажуваме волја за да направиме се за овие избори да се одржат и со учество на опозицијата и нејзино враќање во собраниските клупи, изјави Јакупи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top