Алтернативниот состав „Фулиш грин“ (Foolish Green) заминува на летна турнеја во Германија, во градот Улм, каде што ќе биде дел од програмата „Донау поп камп“ (Donau Pop Camp). Како единствен претставник од Македонија, „Фулиш грин“ ќе престојува во Германија една недела од 4 до 10 jули, каде што групата ќе биде дел од работилници, радиоперформанси, фотосесии, но секако и концертни настапи. Настапите на „Фулиш грин“ ќе се одржат на 6 јули во клубот „Шили“ (Schilli), потоа на 9 јули во „Донаујугенд-Камп“ (Donaujugend-Camp) и на затворањето на самиот „Донауфест“ во Улм.
„Донау поп камп“ е дел од интернационалниот фестивал „Данубе“ (International Danube Festival). Имено, станува збор за проект креиран од група млади луѓе и во организација на „Попбастион Регион Улм Донау“ (Popbastion Region Ulm Donau), со цел да се поддржи размената на млади музичари од различни земји кои се во близина на реката Дунав и да го поттикне развојот на нивната кариера, како и размената на искуства и усовршување на музичките вештини со помош на реномирани музички експерти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


