Новак Ѓоковиќ и Григор Димитрове ќе ја отворат полуфиналната програма во машка конкуренција на Вимблдон, денеска од 14 часот, а во незгодна ситуација ќе биде Марија Шарапова.
Руската убавица испадна од турнирот по поразот од Анжелик Кербер, а логиката вели дека, сепак, би требало да навива за своето момче Димитров. Новак ѝ е одличен пријател на Маша, што ја става руската тенисерка во незгодна ситуација.
– Не знам дали ќе дојде да го гледа полуфиналето во живо од трибините, но сигурен сум дека ќе биде тука кога ќе го играм финалето – самоуверено изјави Димитров.
Бугарскиот талент ќе има сложена задача бидејќи Новак е фаворит и е поискусен со многу повеќе титули, а сигурно тешко ќе ѝ биде и на Шарапова.
Во второто полуфинале Роџер Федерер ќе се обиде да го победи Милош Раониќ и да се доближи на еден чекор до рекордната 18. гранслем-титула и осма на Вимблдон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


