| четврток, 6 декември 2018 |

Mодна ревија под вода на базенот во Аеродром

На базенот во Аеродром се одржа модна ревија на која беше претставена летна колекција на костуми за капење и на модни додатоци. Пред бројни пријатели на брендот, познати јавни личности и медиуми, макенките на модното студио „Црнокрак“ во два дела претставија што овој бренд подготви за жените како препорака за нивниот летен изглед.

DCIM100GOPRO

– Со ова покажавме дека П.С.Фешн е вистински трендсетер на македонскиот пазар. Брендот има голем број пријатели кои го поддржуваат и без кои немаше да биде на ова ниво каде што е во моментов. Нашата определба е да шириме модна култура, да ги предизвикуваме дамите да ги следат светските модни трендови и едноставно да носат стилски парчиња кои П.С.Фешн со задоволство ги креира за нив – изјави Марија Михаилова, генерален менаџер на П.С.Фешн Македонија.

DCIM100GOPRO

На ревијата присуствуваа македонски јавни личности и дел од деловната заедница. Ревијата заврши со подводно фотографирање на моделите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top