| четврток, 6 декември 2018 |

Желбата да го зачуваат времето ги направи први сниматели на Балканот

Иа­ко се све­до­ци ре­чи­си на си­те по­важ­ни на­ста­ни што се слу­чи­ле во пр­ва­та по­ло­ви­на на 20 век, бра­ќа­та Ма­на­ки оста­ви­ја вред­ни фо­то­до­ку­мен­ти и од кра­јот на 19 век

Со фо­то­граф­ска­та из­лож­ба „Ма­на­ки одб­ли­ску“ на Ро­берт Јан­ку­лов­ски го­ди­на­ва бе­ше оз­на­чен по­че­то­кот на про­е­ктот „Кич, да!?/сте или не/“.

– Жел­ба­та да го за­чу­ва­ат вре­ме­то на­пра­ви да вле­зат во ан­то­ло­ги­ја­та на свет­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја ка­ко пр­ви сни­ма­те­ли на Бал­ка­нот. Но, до кра­јот на сво­јот жи­вот тие ѝ оста­наа вер­ни на фо­то­гра­фи­ја­та, тре­ти­рај­ќи ја ка­ко умет­ност и ко­ри­стеј­ќи ги во це­лост мож­но­сти­те на фо­то­граф­ски­от ме­ди­ум. Фо­то­граф­ско­то нас­ледс­тво на бра­ќа­та Ма­на­ки (18. 513 не­га­ти­ви, од кои 7.115 стак­ле­ни пло­чи и 10.952 ори­ги­нал­ни фо­то­гра­фии, изра­бо­те­ни во фо­то­ла­бо­ра­то­ри­ја­та на Ма­на­ки) да­ва мож­ност за нај­раз­лич­но тол­ку­ва­ње на нив­но­то тво­реш­тво. Оваа из­лож­ба не­ма пре­тен­зии да на­пра­ви пре­сек на це­ло­куп­но­то нив­но фо­то­граф­ско тво­реш­тво, ту­ку са­мо да при­ка­же дел од нив­на­та ра­бо­та – ве­ли Јан­ку­лов­ски.

Kultura95-2

Фо­то­гра­фи­и­те се изра­бо­те­ни од ори­ги­нал­ни­те стак­ле­ни пло­чи во дис­пер­зи­ра­на­та ла­бо­ра­то­ри­ја на Ма­ке­дон­ски­от цен­тар за фо­то­гра­фи­ја.

– Иа­ко се све­до­ци ре­чи­си на си­те по­важ­ни на­ста­ни што се слу­чи­ле во пр­ва­та по­ло­ви­на на 20 век, бра­ќа­та Ма­на­ки оста­ви­ја вред­ни фо­то­до­ку­мен­ти и од са­ми­от крај на 19 век. Вр­ска­та со Би­то­ла Ја­на­ки ја поч­ну­ва во 1890/91 го­ди­на ка­ко уче­ник во би­тол­ска­та Ро­ман­ска гим­на­зи­ја. Кон кра­јот на шес­тго­диш­но­то шко­лу­ва­ње се за­ин­те­ре­си­рал за фо­то­гра­фи­ја­та, а тај­ни­те на фо­то­граф­ски­от за­на­ет ги на­у­чил од не­кој би­тол­ски фо­то­граф. Спо­ред ка­жу­ва­ња­та на Ми­хај­ло Зе­га, кој ра­бо­тел ка­ко кал­фа во ател­је­то на бра­ќа­та Ма­на­ки, Ја­на­ки фо­то­граф­ски­от за­на­ет го на­у­чил од не­кој Тур­чин од Ја­ни­на по име Не­зир. Ка­ко и да е, Ја­на­ки Ма­на­ки (1878, Ав­де­ла, де­неш­на Гр­ци­ја – 1954, Со­лун) во 1898 го­ди­на отво­ра фо­то­граф­ско ател­је во Ја­ни­на (де­неш­на Гр­ци­ја). Не­кол­ку ме­се­ци по­доц­на во ател­је­то му се при­дру­жил пом­ла­ди­от брат Мил­тон (1882, Ав­де­ла – 1964, Би­то­ла). Фо­то­граф­ско­то ател­је во Ја­ни­на прет­ста­ву­ва­ло адап­ти­ран дел од ста­ра ку­ќа и би­ло скром­но опре­ме­но – об­јас­ну­ва авто­рот.

Ка­ко ре­кви­зи­ти ко­ри­сте­ле за­тег­на­то, нас­ли­ка­но плат­но за зад­ни­на, не­кол­ку сто­ло­ви, су­ви гран­ки и ко­ре­ни. Пор­тре­ти­те и груп­ни­те фо­то­гра­фии ги сни­ма­ле на днев­но свет­ло.

– Во ова вре­ме че­сто па­ту­ва­ат сни­мај­ќи во раз­лич­ни ме­ста, при што, по­крај пор­трет­ни­те фо­то­гра­фии, соз­да­ва­ат и де­ла со го­ле­ма до­ку­мен­та­ри­стич­ка вред­ност. Од не­кои мо­ти­ви сни­ме­ни во овој пер­и­од из­да­ва­ат разг­лед­ни­ци што ги пе­ча­тат во по­го­лем ти­раж.

Че­сти­те па­ту­ва­ња на Ја­на­ки во Би­то­ла на по­че­то­кот од 20 век, во 1905 го­ди­на, ре­зул­ти­ра­ат со отво­ра­ње фо­то­граф­ско ател­је во Би­то­ла ко­е­што, за раз­ли­ка од Ја­ни­на ка­де што ател­је­то гла­се­ло на Ја­на­ки, би­ло ре­ги­стри­ра­но на двај­ца­та, под име­то „Бра­ќа Ма­на­ки – ател­је за умет­нич­ка фо­то­гра­фи­ја”. Тоа се на­о­ѓа­ло на глав­на­та би­тол­ска ули­ца – ве­ли Јан­ку­лов­ски.

Kultura95-4

Фо­то­граф­ско­то тво­реш­тво на бра­ќа­та Ма­на­ки вре­мен­ски се де­ли на два пер­и­о­да: ја­нин­ски и би­тол­ски пер­и­од. Во рам­ки­те на би­тол­ски­от пер­и­од е и три­го­диш­ни­от пре­стој на Ја­на­ки во Плов­див (Бу­га­ри­ја), од 1916 до 1919 го­ди­на. Не­кои истра­жу­ва­чи тво­реш­тво­то на Ја­на­ки во Плов­див го изд­во­ју­ва­ат ка­ко трет, плов­див­ски пер­и­од. Во пог­лед на авторс­тво­то над фо­то­гра­фи­и­те (освен фо­то­гра­фи­и­те од Плов­див, за кои се знае де­ка ги сни­мил Ја­на­ки, и оние сни­ме­ни во тој пер­и­од во Би­то­ла, од стра­на на Мил­тон) не мо­же со точ­ност да се опре­де­ли кој од двај­ца­та е автор на кон­крет­на фо­то­гра­фи­ја. Во фо­то­граф­ска­та ра­бо­тил­ни­ца на Ма­на­ки не­кол­ку фо­то­гра­фи го на­у­чи­ле фо­то­граф­ски­от за­на­ет ра­бо­теј­ќи ка­ко кал­фи, та­ка што мал дел од фо­то­гра­фи­и­те е мож­но да е сни­мен и од нив.

Kultura95-3

Во Би­то­ла, бра­ќа­та Ма­на­ки ве­ќе се ви­стин­ски мај­сто­ри и фо­то­гра­фи­и­те сни­ме­ни во нив­но­то сту­дио прет­ста­ву­ва­ат твор­би со ви­со­ки естет­ски до­стре­ли. Слич­но ка­ко и не­кои дру­ги фо­то­гра­фи, но со по­го­ле­ма по­све­те­ност и умеш­ност, бра­ќа­та Ма­на­ки ги за­чу­ву­ва­ат од за­бо­рав си­те по­важ­ни на­ста­ни што се слу­чи­ле во тоа вре­ме, не са­мо во Би­то­ла, ту­ку и по­ши­ро­ко – Со­лун, Ца­ри­град, Бу­ку­решт и дру­ги ме­ста.

За ква­ли­те­тот на нив­ни­те фо­то­гра­фии по­сто­јат и по­ве­ќе ма­те­ри­јал­ни до­ка­зи. Име­но, на 10 мај 1906 го­ди­на ател­је­то на Ма­на­ки е на­гра­де­но со ју­би­ле­ен ме­дал по пред­лог на Ми­ни­стерс­тво­то за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Ро­ма­ни­ја. Од 5 до 18 но­ем­ври 1906 го­ди­на бра­ќа­та Ма­на­ки учес­тву­ва­ат на Го­ле­ма­та из­лож­ба на фо­то­гра­фии во Бу­ку­решт и се на­гра­де­ни со пла­ке­ти за ви­сок умет­нич­ки до­стрел во фо­то­гра­фи­ја­та.
Кол­ку би­ле це­не­ти ка­ко фо­то­гра­фи го­во­ри и фа­ктот што бра­ќа­та Ма­на­ки се прог­ла­се­ни за двор­ски фо­то­гра­фи на ро­ман­ски­от крал Ка­рол Пр­ви (1906), тур­ски­от сул­тан Мех­мед Ре­шат Пет­ти (1911) и на срп­ски­от крал Але­ксан­дар Пр­ви Ка­ра­ѓор­ѓе­виќ (1929).

 

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 95. број на неделникот „Република“, 27.06.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top