Од извори во коалиционите партнери на СДСМ портaлот Непрес пренесува информации за сериозни тензии по вчерашната понуда на владеачката партија за поместување на рокот за пријавување кандидати за локалните избори за една недела.
Според извори во НСДП, Либералдемократите и Народната Партија во текот на вчерашниот ден имало целосна комуникациска блокада кон лидерот на СДСМ Црвенковски кој не бил достапен за своите коалициони партнери цели два часа.
Сите тројца опозициски лидери не успеале да разговараат со Црвенковски се додека од Бихаќа официјално не ја отфрлија понудата на ВМРО _ ДПМНЕ за одлагање на рокот за пријавување на изборите.
Дури откако соопштението било испратено до медиумите кабинетот на лидерот на опозицијата стапил во контакт со Петковски, Жерновски и Георгиевскикои кои биле категорично против бојкот на локалните избори по најновата понуда на власта. Во телефонски разговор со еден од нив Црвенковски признал дека сите локални тела на партијата вршеле притисок да се оди на избори особено од општинските организации во Куманово, Охрид и Струмица.
Најмногу, според Нетпрес реагирал потпретседателот Зоран Заев.
Во текстот на Нетпрес се вели дека Црвенковски се плашел дека лидерите на Либералите и на Српската напредна странка нема да ги вратат мандатите во собранието и дека би можелe да ја остават опозицијата на цедило.
Според изворите на Нетпрес лидерот на СДСМ се плаши од силен пораз на локалните избори доколку нема бојкот. Петковски, Георгиевски и Жерновски сакале да знаат зошто Црвенковски не го прифаќа предлогот на ВМРО ДПМНЕ кога тој бил ист како оној на Заев од саботата на што добиле одговор дека Заев тоа го сторил без договор со него но дека го оставил без консеквенци за да продолжи да се смета за важен играч во партијата. Според Нетпрес во разговорите со коалиционите партнери тој изјавил дека без разлика што Заев сега покажува сила сепак на крајот без поговор ќе го слушал лидерот за неговите одлуки.
Партнерите на Црвенковски се интерсирале и за двојните аршини во „Коалицијата за иднината“ при што побарале одговор зошто ПЕИ и Милетиќ можат да одат на избори како слободни стрелци а тие и натаму да ги трпат штетите од политиката на Црвенковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и народот – Има разлика!
-
Жерновски: Чудна правда, Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27 април
-
Црвенковски кратеше трошоци, Заев купува лимузини: Ништо од домаќинлакот на Заев!
-
Заев: Со Црвенковски се немаме слушнато за договорот со Грција за името