Канадската тенисерка Ежени Бушар и Чехинката Петра Квитова ќе се борат за трофејот на годинешниот гранслем-турнир Вимблдон.
Во полуфиналните мечеви Квитова ја совлада сонародничката Луси Сафарова со 2-0 (7-6, 6-1), додека Бушар ја победи третата носителка Романката Симона Халеп 7-6, 6-2.
За Бушар ова е прво финале на гранслем-турнирите, додека Квитова вторпат ќе се бори за трофеј на големите турнири.
Бушар стана првата тенисерка по Амели Морезмо во 1999 година што стигнала до финалето на некој гранслем-турнир, а да не освоила најмалку две титули на ВТА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.