Поранешниот селектор на македонската репрезентација до 17 години, Жикица Тасевски, е најсериозен кандидат за позицијата селектор на нашата млада селекција за играчи до 21 година, а во најтесниот избор се и Боби Милевски и Гоце Седлоски. Сите тројца имаат свои адути, а одлуката ќе ја донесе петчлена комисија на ФФМ, која ќе даде препораки кој кандидат да ја добие довербата од македонската куќа на фудбалот.
Досегашниот селектор Бобан Бабунски си замина откако му заврши договорот, а името на новиот предводник на селекцијата до 21 година ќе биде познат наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.