| четврток, 6 декември 2018 |

Повредениот адвокат зел пари за работа што не ја завршил

pukanje

Игнат Панчевски е адвокатот што вчера бил повреден откако некој пукал во него во скопската населба Бутел.

Од засега непознато лице тој бил застрелан со еден куршум во левата потколеница. Нападот бил извршен додека бил во својот автомобил, а по ранувањето Панчевски самиот успеал да се превезе до Градската болница каде што побарал лекарска помош. Полицијата изврши увид на местото на нападот и засега не се знае дали полицијата има сознанија за напаѓачот  или  дали некој е приведен.

Според првичните информации, тој не ја завршил работата за која, најверојатно, зел пари. Според првичните и сѐ уште неофицијални информации што кружат низ скопски Бутел, адвокатот му ветил на напаѓачот дека ќе му „среди“ работа во врска со некој предмет за кој веќе биле активирани извршители. Откако адвокатот не ја завршил работата, напаѓачот пукал во него и го ранил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top