Премиерот Бојко Борисов бил примен во болницата „Лозенец“ околу 17.30 часот вчера. Ова го соопштил директорот на болницата, Љубомир Спасов за бугарскиот медиум Канал 3.
Причината била висок крвен притисок. Борисов останува под надзор на медицинскиот персонал.
Според извори од болницата, Борисов бил приклучен на апарати, а денеска му е состојбата стабилизирана. Притисокот му бил 160/110.
Тоа, пишуваат бугарските медиуми, објаснува зошто тој не се појавил на вонредната седница на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.