| четврток, 6 декември 2018 |

Мила Кунис ужива во бременоста

Иако е холивудската дива, Мила Кунис не се оптоварува со изгледот, туку ужива во бременоста и си ги исполнува сите желби.

Папараците ги сретнаа Мила Кунис и Ештон Качер на излегување од ресторан.

Мила вљубено го гледала својот избраник, а двајцата биле во лежерно издание.

Во последниот месец на познатата актерката стомакот доста и пораснал.

– Јадам кисела зелка зелје по цел ден, изјави во шоуто на Елен ДеЏенирес Мила Кунис, верена со актерот Ештон Качер, кој и исполнува секое барање. Тој дури и фрижидерот го наполнил со кисели краставички, инќуни и сладолед во случај да треба да и ги исполни посебните желби.

Кунис изјави дека имаат одбрано име за бебето, но го држат во тајност до раѓањето. Не сакаше да го открие ни датумот кога би требало да се роди, ниту полот на детето.

Извори блиски на двојката открија за магазинот US Weekly дека двајцата се пресреќни што ќе добијат девојче. И тој има искуство со девојчињата на Деми, изјави пријателот на двојката.

Актерката во интервју за списанието „Мери Клер“ призна дека ја сака блажената состојба, а за нејзините гради рече дека се неверојатни.

– Тројно се зголемени. Многу сум возбудена. На сите кои ги познавам им велам „ајде, допри ги – додаде Кунис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top