Европската ракометна федерација му изрече суспензија од еден натпревар на ракометарот на Металург Ренато Вугринец.
Казната за десниот бек на македонскиот шампион е поради црвениот картон на реванш-четвртфиналниот дуел против Кил. Вугринец на оваа средба одиграна на 27 април беше исклучен затоа што ги навредил судиите, информираат од ЕХФ.
Во соопштението на официјалната веб страна на ЕХФ е наведено дека казната ќе била поголема, но Вугринец е санкциониран само со еден натпревар поради тоа што ова е негов прв ваков испад во долгата меѓународна кариера.
Поради оваа казна Вугринец нема да може да игра на натпреварот со ПСЖ закажан за периодот (24-28 септември).
Ренато Вугринец има одлична сезона зад себе во Лигата на шампионите, а добрите игри во елитното натпреварување беа причина тој да добие македонски пасош и да заигра за македонската репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


