| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање во Бутел – познат адвокат во болница

Во попладневните часови повреден е скопски адвокат во пукање кое се случило во скопската населба Бутел.

Според првичните и неофицијални информации, адвокатот чиј идентите се уште не ни е познат се наоѓа во Градската болница во Скопје и е надвор од животна опасност, пренесува „Прес24“.

Неофицијалните и се уште непотврдени информации говорат дека по пукањето, адвокатот само со своето возило со одвел до болницата.

Од МВР потврдуваат дека имало вооружен инцидент во Бутел но не откриваат детали. Неофицјланите информации до кои дојде Press24 велат дека полицијата веќе има осомничен и трага по него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top